Интересна оптичка илузија открива дали имате проблеми со видот: Можете ли да прочитате што пишува на сликата?
На социјалните мрежи во последната недела се прошири интересна оптичка илузија која наводно може да ја одгатне само еден процент од луѓето…
Во објавата @HecticNick покажува необичен натпис и објаснува како повеќето луѓе нема да успеат да прочитаат што пишува, но набрзо открива и мал трик: доколку не успевате од прва да прочитате што пишува, затворете ги очите речиси 90 проценти (гледајте буквално преку трепките), односно вашите очи нека бидат отворени минимално и обидете се повторно.
Оваа оптичка илузија наводно покажува кој има проблем со видот, па доколку не успеавте да ја прочитате од прва, закажете контролен преглед кај вашиот очен лекар.
Сепак, за илузијата да е соодветно прикажана и ефективна, потребен е поголем екран од екраните на мобилните телефони.