Јелена Карлеуша: Ако некој заслужил да пее на плоштад во Белград за Нова година, тоа сум јас

Јелена Карлеуша за новогодишната ноќ ќе пее пред Народното собрание, а потоа забавата ќе ја продолжи во белградскиот клуб „Касина“.
Пејачката признава дека нејзиниот настап на Плоштад е една од најголемите желби во кариерата и дека конечно ја остварила, по 27 години.
Како што вели, заслужила да биде повикана да пее за народот, пред се поради нејзината долга, успешна кариера.
– Морам да кажам едно, секогаш сум била искрена, ќе бидам и сега. Оваа работа ја работам 27 години, ако една јавна личност никогаш не припаѓала на ниту една политичка партија и имала храброст, став и да не се плаши од никого – тоа сум јас. За разлика од тоа што го зборуваат, јас направив и кажав за нивни три животи. Јаки се само зад анонимните профили на Твитер, а јас си имам име и презиме и стојам зад секој став со моето име. А ако имаат нешто да ми кажат нека ми кажат в лице, бидејќи вака кукавички, воопшто не сметам дека ми се обраќаат мене – изјави Карлеуша.
Таа додаде дека како белграѓанка има поголеми права од нејзините колеги кои пееле на плоштадот.
– Второ, никој никогаш не ме повикал да пеам пред Собрание, 27 години. Сите други пејачи беа, а ако некој го заслужил ова тоа сум јас! Сакаат да кажат дека не заслужувам да пеам пред Собрание? Дека немам најдобри сценски настапи, дека не ги правам најдобрите концерти и дека не сум најголемата ѕвезда што ќе направи спектакл за паметење? Мислам дека не се во право. Заслужувам и ќе ги оправдам очекувањата. Јас пеам во мојот град, јас сум од Белград и повеќе од сите заслужувам да пеам пред Собранието на мојот град. – изјави Јелена за Курир, при најавата за новогодишните настапи.
