Јусуф Шах има единаесет години и повисок коефициент на интелегенција од Ајнштајн и Стивен Хокинг
Коефициент на интелигенција е вкупен резултат за човековата интелигенција и когнитивна способност, добиен од неколку стандардизирани тестови дизајнирани да ја проценат и измерат. Статистиката покажува дека само 2 отсто од светската популација имаат доволно висок коефициент на интелигенција да членуваат во „Менса“.
Единаесет годишниот Јусуф Шах од Англија го полагал тестот за интелигенција на Менса, по што резултатот на младиот генијалец изнезува неверојатни 162 IQ, според извештаите на локалните медиуми.
Се проценува дека Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг имале околу 160 IQ ,,малку пониско од младиот Јусуф.
Според извештајот, Шах, ученик во основното училиште „Вигтон Мур“, го поминал тестот без посебни подготовки за истиот.
„Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите 2% од луѓето што го полагаат тестот“, изјавил шестоодделенецот од Лидс за „Јоркшир Евенинг Пост“.
Семејството прославило со вкусен оброк во познатиот ресторан за брза храна „Нандо’с“ каде рецептите се подготвени во португалски стил.
Јусуф и неговите родители одлучиле да се подготвува за тестот на „Менса“ паралелно додека се подготвувал за да аплицира во средно училиште, бидејќи подговителните тестови биле многу слични.
„Тоа е тежок тест за подготовка“, изјавил неговиот татко Ирфан Шах за медиумите.
Јусуф секако редовно се подготвуваше за средношколските тестови – ништо конкретно за тестот за интелигенција. Сè уште му велам дека „татко ти е сè уште попаметен од тебе“. Ние оваа вест ја прифаќаме со леснотија. Дури и ако сте талентирани, мора да бидете највредните работници“, изјавил таткото на младиот генијалец.