Како да препознатете дека кучето има намера да ве касне?

Објавено на 11 ноември, 2022 во 13:03

Причините за агресивно однесување на кучињата се различни, но, пред сè, треба да обрнете внимание на тоа како се однесувате кон кучето.

Експертите нагласуваат дека секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи кај некои кучиња преминот од една фаза на предупредување во друга е многу брз, а кај некои кучиња недостасуваат одредени форми на предупредување.

Првиот знак што го покажуваат повеќето кучиња е обид да се извлечат од изворот на стрес. Ќе ги спуштат ушите надолу и ќе си заминат. Ако случајно не му дозволите на кучето да замине, тоа ќе легне на подот и ќе ја свитка опашката. Ќе биде вкочането и ќе гледа во една насока.

Следниот знак е ‘ржењето. Тогаш треба да се оддалечите од животното.

Експертите предупредуваат дека казнувањето на ‘ржењето доведува до прескокнување на сите други знаци за предупредување, па така доаѓа до агресија.

Крцкањето со забите е уште еден знак кој му претходни на нападот, а во исто време и последниот знак за предупредување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.