Ким и Канје официјално се разведоа
Американскиот рапер Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан официјално се разведоа, по осум години брак.
Кардашијан на суд се појави виртуелно, додека Вест беше застапен од неговиот адвокат, кој немаше никаков приговор за разводот.
Во последниве недели, Канје се бори со разводот на различни начини, вклучувајќи ги и објавите на социјалните мрежи во кои бара од Ким да се смират.
Риалити ѕвездата поднесе барање за развод минатата година по неколкумесечните медиумски наслови за брачни кавги.
„Навистина сакам развод. Го замолив Канје да го чува во тајност нашиот развод, но тој не го стори тоа“, напиша Кардашијан во изјавата поднесена до судот минатата недела.
Двојката има четири деца: осумгодишната ќерка Норт, синот Сент, ќерката Чикаго и двегодишниот син Псалм.