Кралицата ги откажа сите состаноци, се уште чуствува последици од коронавирусот
Објавено на 24 февруари, 2022 во 13:19
Кралицата Елизабета Втора ги откажа онлајн состаноците закажани за денеска бидејќи сè уште има благи симптоми на настинка поради инфекција со коронавирус, соопшти Бакингемската палата.
Според портпаролот на палатата, таа одлучила да не учествува во планираните виртуелни ангажмани, но ќе продолжи со полесни обврски, пренесе „Вашингтон тајмс“.
Полесните обврски вклучуваат, меѓу другото, читање британски весници во добар дел од денот, објави Би-Би-Си.
Бакингемската палата во неделата потврди дека Кралицата има благи симптоми на корона, слични на настинка.