Лара, Ирина и Јован ја имаа првата проба на евровизиската сцена
Нашите годинашни претставници на детската Евровизија, Лара Трпческа, Ирина Давидовска и Јован Јакимовски ја имаа првата проба на големата евровизиска сцена во Ереван, Ерменија.
Англиската фотографка Корин Каминг успеа да направи прекрасни фотографии од нивната проба, која, според присутните во салата, била одлична.
Покрај нашите музички ѕвездички, на сцената ќе ги видиме и талентираните танчарки Александра Митеска и Мила Илиќ.
За нивните модни креации се погрижи дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.
Финалната вечер на детската Евровизија ќе се одржи во недела, на 11 декември, а ќе се емитува на првиот канал на Македонската радио-телевизија, со почеток од 16 часот.
Нашите Лара, Ирина и Јован ќе ја изведат песната „Животот е пред мене“ под реден број 10.
Им посакуваме успешен настап и им ја испраќаме сета среќа!