Мечка излета на пат во Црна Гора и го запре сообраќајот! (видео)

Објавено на 19 септември, 2022 во 12:08

На еден од патиштата во Црна Гора возачи доживеале необично искуство во сообраќајот. На патот се појавила мечка.

Мечката која била исправена и одела на две нозе им се приближила на автомобилите во кои патниците биле изненадени и исплашени.

Иако мечката била смирена и никого не нападнала, искуството е невообичаено и застрашувачко, како што може да се слушне во коментарите на видеото на YouTube.

Видеото наводно е снимено во Црна Гора, а објавено е на Јутјуб каналот „Подгорички времеплов“, пренесува РТС.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.