Калиопи: “Волчица“ е наслов на новата песна

Објавено на 17 октомври, 2012 во 21:18

Поп пејачката Калиопи ја промовираше новата песна насловена како Волчица (Вучица), а со неа и новиот спот за истоимената песна. Комплетен автор и продуцент е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил, со кого Калиопи ја возобнови соработката и со кого работи на материјалот за новиот албум.

 

Песната е снимана во три различни студија, во Швајцарија, Германија и Македонија. Спотот е изработен од страна на нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, Александар Ристевски – Принц. Погледнете го спотот и очекувајте го новиот албум на Калиопи во декември.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=IYUUAnYUzXU{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.