Скопје Фест: Се враќа ли стариот квалитет?
Објавено на 17 октомври, 2012 во 22:04
Оваа година Скопскиот фестивал ќе се оддржи неврзано со Евросонг. На сцената на Македонската опера и балет ќе бидат изведени нови 18 песни, во стилот на стариот Скопски фестивал. Ламбе Алабаковски, Елена Ристевска, Дани, Драган Мијалковски, Синтезис, Јана Бурчевска, Бојан Стојков се дел од изведувачите кои ќе пејат во живо, а ќе бидат придружувани од ревиски оркестар со кој ќе диригира Кире Костов.
По завршувањето на Скопје Фест 2012, МТВ ќе го одреди моделот и начинот на избирање на македонскиот преставник на Евросонг 2013. Дали организаторите ќе успеат да го вратат стариот сјај на овој фестивал останува да видиме.