Џеј Ло обвиткана во знамето на Србија го заврши концертот во Белград
Џенифер Лопез својот концерт во Белград го отвори со нејзиниот голем хит „Get Right“ а нејзиниот тесен и безбоен фустан го воодушеви машкиот дел од публиката. Џеј Ло на присутните им рече дека ги сака, а со фановите од првите редови се поздравуваше. Но најголемото воодушевување кај публиката настана кога пејачката се појави обвиткана во знамето на Србија.
Настапот започна со задоцнување од 30 минути, но нејзината верна публика не и забележа за тоа кога таа излезе на бината. Комбанк Арената беше наполнета до последното место, а публиката најчесто ја сочинуваа тинејџери. Пејачката публиката ја поздрави со „Србија, ајде да направиме шоу, ве сакам“, а потоа се поздравуваше со девојките од првиот ред. Латино дивата на концертот се пресоблече четири пати. Публиката цело време изразуваше воодушевување, но многу луѓе тврдеа дека добар дел од концертот е отпеван на плејбек.
Пејачката неколку пати во текот на концертот и се доближуваше на публиката поздравувајќи ја. Од некого од публиката пејачката доби и перниче во облик на срце на кое на српски јазик беше испишано „Ве сакам“. Пејачката прв пат несигурно изговори „Ве сакам“ на српски јазик, но затоа неклоку пати истото го повторуваше во текот на концертот.
Сценографијата на бината се менуваше неколку пати во текот на спектаклот, а во еден момент таа беше претворена во боксерски ринг, во кој двајца танчери од тимот на Џеј Ло имитираа боксерски меч.
Влезот позади сцнеата не беше дозволен ниту за организаторите на концертот. Мерките за безбедност во текот на целиот концерт, пред неговото започнување и по неговото завршување беа на највисоко ниво, а за визуелниот идентитет и сценографија беше задолжена америчка компанија. На концертот присуствуваа и голем дел од ВИП личностите во Србија, меѓу кои беа и: Лепа Брена, Цеца и своите две деца, Аца Лукас, Александра Радовиќ, Ана Бекута и други.
Погледнете како звучеше „I’m into you“ во Белград:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=fIRQjr31sDQ{/youtube}