И Бруно Марс со нов видео запис!
Бруно Марс постигна голем успех со неговиот втор албум насловен „Unorthodox Jukebox“, кој го претстави во декември минатата година. Воведниот сингл „Locked Out of Heaven“ го освои првото место на американската официјална листа и дебитираше во топ 10 селекциите во преку дваесет земји, а имавме можност да ги чуеме и „Young Girls“, дуетот со Есперанца Сполдинг „Old And Crazy“, како и реге верзијата на „Locked Out Of Heaven“.
А сега младиот пејач го објавува и новиот видео запис за третиот официјален сингл од актуелниот албум, нумерата „When I Was Your Man“, елегантно видео во „ретро стил“ кое не остава простор за многу повеќе од пејач, клавир и фокус на музиката, а режијата ја потпишуваат самиот Марс и Камерон Дади.
Еве го видеото:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=ekzHIouo8Q4{/youtube}
