Роби Вилијамс и Адел со заедничка песна

Објавено на 25 март, 2013 во 12:54

Двете големи британски ѕвезди ќе снимат дует, по предлог на Роби Вилијамс, кој упатил покана кон Адел за да му гостува на неговиот нов албум.

Адел, по долга пауза, се реши да се врати во студиото и повторно да снима песни за нејзин нов албум, па потоа следуваше оваа вест која сигурно ќе ги израдува фановите на двајцата музичари. Адел, која нема снимено ниту еден дует во кариерата, во 2009-та година изјави дека не сака да снима дуети, но ако некогаш се одлучи на нешто такво тогаш тоа би сакала да го стори со Роби Вилијамс. Тоа го слушнал и запамтил Роби, кој и предложил да гостува на неговиот албум, по што Адел прифатила.

Песната не е почната да се прави, а веќе медиумите ја прогласуваат оваа песна за сигурен голем хит.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.