На Евросонг 2020 публиката ќе види седум поранешни победници

Објавено на 20 февруари, 2020 во 17:31

sandrakim fin

Изборот за песна на Евровизија се ближи и земјите учеснички веќе ги бираат своите претставници и песните со кои треба да настапат. Домаќин оваа година е Ротердам, Холандија а на сцената, покрај многу нови имиња, ќе продефилираат дурии седум поранешни победници.

Џиљола Чинквети која со песната „Non ho l’età“ ја однесе победата за Италија во 1964 година, потоа холанѓанецот Лени Кухр, кој во 1969 година победи со песната „Де трубадур“ и Гети Касперс, кој за Холандија победи во 1975 години.

На сцената по цели 34 години ќе застане и Белгијката Сандра Ким, која на Евросонг настапи на само 13 години и победи со песната „ J’aime La Vie“. Гости ќе бидат и Ирците Пол Херингтон и Чарли Мек Гетинген сопесната „Рокенрол“ од 1994 година. Дел од Евросонг ќе биде и миленикот на публиката, норвешкиот победник Александар Рибок, кој ќе ја испее неговата победничка песна. Годинашнава евровизија, секако нема да помиине без минатогодишниот победник Данкан Лоренс со неговиот евровизиски хит „Аркаде“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.