Најдолгиот филмски трејлер трае над седум часа
Објавено на 21 ноември, 2022 во 12:05
„Остварувањето” носи наслов „Амбиент” (Ambiancé) и, наводно, требаше да излезе на 31 декември 2020 година. Според ИМДБ, филмот трае околу 30 дена, или 720 часа, па веројатно затоа и трејлерот трае седум часа и 20 минути. Тизерот за филмот трае нешто подолго од еден час.

Филмот, според познавачите, бил замисла на шведскиот експериментален режисер Андерс Веберг, како своевидна уметничка реакција на „еднократната употреба” на денешните киноостварувања, при што прикаските од минатото само се преправаат и повторно се објавуваат.
Трејлерот беше објавен уште во 2016, а премиерата беше закажана за 2020 година. Сепак, филмот не ја дочека својата премиера.
