Највисоката жена на светот првпат леташе со авион, биле отстранети 6 седишта поради неа
Екипажот морал да отстрани дури шест седишта поради необичниот патник. Се работи за 25-годишната Румејса Гелги. Турчинка се смета за највисока жена во светот.
Румејса Гелги е висока 2.156 метри. Растот предизвикан од болеста – Виверов синдром – ѝ донесе на девојката влез во Гинисовата книга на рекорди.
Гелги инаку не можела да се качи на авионот кој лета за САД. Екипажот бил принуден да отстрани шест седишта за да се смести специјалната носилка за 13-часовниот лет на Турчинката.
Медиумите во Турција кои го опишуваат случајот со 25-годишната девојка забележуваат дека Гелги секојдневно користи инвалидска количка. Виверовиот синдром, од кој страда Гелги, е ретко генетско нарушување кое предизвикува многу брз, абнормален раст на коските на телото и забележителни отстапувања од нормата на телесната градба.
„Беспрекорно патување од почеток до крај… тоа беше мојот прв лет, но нема да биде мојот последен. Голема благодарност до сите кои беа дел од мојата авантура“, напишала Гелги (25) на Инстаграм по слетувањето во Америка.