Нетфликс ќе снима филм за Ѓоковиќ
Објавено на 13 јануари, 2022 во 13:09
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ седми ден е во неизвесност во Австралија. Откако судот пресуди во негова корист, се уште има шанси да биде депортиран.
Името на Србинот се појави на ждрепката, но властите во Австралија одолговлекуваат со одлуката, а наскоро на програма е неговиот прв меч во Мелбурн.
Сега доаѓа нова информација дека стриминг компанијата „Нетфликс“ веќе е во Австралија каде што собираат податоци за наскоро да започнат проект, пишува „Дејли Мејл“.
Да, тоа значи дека наскоро ќе излезе филм за Новак Ѓоковиќ и се што преживеал во текот на седумте дена во Мелбурн. Режисер треба да биде Џејмс Геј Рис, кој веќе се прослави со документарниот филм за Формула 1, насловен „Drive to survive“.