Неверојатна акција на руски ветеринари: Патувале 4 часа за да помогнат на поларна мечка (видео)

Објавено на 22 јули, 2022 во 10:13

Руски ветеринари вчера полетаа до Диксон, пристаниште на Северниот морски пат, на само два часа лет од Северниот пол, за да ѝ помогнат на поларна мечка со лименка кондензирано млеко заглавена во устата.

Тимот по четиричасовен лет успеа да се доближи до поларниот круг и да ѝ помогне на поларната мечка и да ја извлече лименката од вилиците, изјави шефот на експедицијата.

Се испостави дека спасената мечка е всушност женка, која лошо си го пресекла јазикот, но се ќе биде во ред, изјави учесникот во спасувачката акција, пишува „Норилск никел“.

– Во моментов хируршки се третира јазикот на мечката, видливи се значителни исеченици. Но, се ќе биде во ред со животното – рече тој.

Кога процедурата ќе заврши и мечката ќе се разбуди од анестезија, овој љубител на кондензирано млеко ќе биде префрлен со хеликоптер во своето природно живеалиште.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=21&v=tSqbcPFCK1s&feature=emb_title
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.