Од денес ќе има се повеќе дневна светлина
Вчера во 22:36 часот настанала зимската краткоденица, односно моментот кога Сонцето во своето привидно движење стигнува до својата најјужна точка. Зимата официјално започна, што значи дека од денес не очекуваат подолги денови и денови со повеќе дневна светлина. Минатата ноќ на северната хемисфера беше најдолга, а денот најкраток.
Ова значи период од изгрејсонце до зајдисонце. Вчера Сонцето изгреа во 7:34, а зајде во 16:15 часот. Затоа денот траеше речиси седум часа пократко од ноќта. Но, по краткоденицата деновите ќе станат подолги, така што зајдисонце до крајот на годината ќе се помести во 16:20 часот и ќе има пет минути повеќе дневна светлина.
Што е зимска краткоденица?
Датумот на зимската краткоденица, најкраткиот ден во годината на северната хемисфера, обично се совпаѓа со првиот ден од зимата. Но, датумот на зимската краткоденица може да варира од 20 до 23 декември. Зимската краткоденица означува голема годишна пресвртница, астрономски почеток на зимата и премин во период кога деновите стануваат подолги и посветли, а ноќите се пократки.
На јужната хемисфера, најдолгиот ден во годината
Додека вчера беше најкраткиот ден овде, ситуацијата е сосема поинаква на јужната хемисфера, каде што живее само десет отсто од светската популација. Затоа, таму декемвриската краткоденица го означува најдолгиот ден во годината и почетокот на летото. Сите оние кои живеат во Арктичкиот круг за време на солстициумот нема ни да го видат Сонцето бидејќи сега се во поларна ноќ.
Дума.мк