Осман и славна турска актерка среде Охридското езеро стапија во брак (видео)

Објавено на 4 јули, 2022 во 12:13

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Џеди Осман и неговата избраница, славната турска актерка Ебру Шахин, се венчаа среде Охридското езеро и во родниот град на НБА-ѕвездата и репрезентативец на Турција.

На скромна забава пловејки со брод низ Охридското Eзеро, се одржа венчавка.

На забавата беа присутни педесеттина луѓе, роднини и пријатели, меѓу кои и познати актери од Турција. Бродот пловеше два часа низ Охридското езеро, а на градското пристаниште дојдоа да ги испратат и отпоздрават и локалните жители на Охрид.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.