,,Ова сум јас, со сите мани“ – Моќното видео од најпознатата српска инфлуенсерка, кое го споделуваат и Македонките

Објавено на 23 ноември, 2022 во 12:53

Дуња Јованиќ е српска инфлуенсерка со повеќе од 350.000 следбеници, меѓу кои има и многу девојки и жени од Македонија.

Дуња сними видео во кое отворено говори како го прифаќа својот природен изглед и е против користењето на филтри на социјалните мрежи, затоа што тоа носи психички нарушувања.

Во нејзините зборови има навистина моќна порака, а тоа го препознаа многу Македонки, кои вирално го споделуваат видеото на Инстаграм.

Нејзиното обраќање до следбениците гласи:

„Ова сум јас. Ова сум јас. Ова сум јас… Јас сум Дуња и имам 33 години и некогаш сум многу задоволна како изгледам, но некогаш себе си изгледам набиено, имам кратки нозе, не ми се допаѓа лицето како ми изгледа, косата не ме слуша, имам акни, но и во тие мигови се трудам да не живеам во сменета реалност.

Во денешно време на социјалните мрежи во само 3 чекори можете да го промените личниот опис. Да го намалите носот, да ја зголемите устата, да ги издолжите нозете и со тие 3 чекори повеќе да не личите на себе.

Но, со тие 3 чекори може да дојде до нарушување кое се нарекува „Сепчет дисморфија“

Дисморфија е неспособност за објективно прифаќање на својот физички изглед. Тоа значи дека сликата која ја гледаме во огледало, не е иста со онаа која ја прикачуваме на Инстаграм и тоа што не се исти тие две слики навистина ве фрустрира.

Со време ова се претвора во опсесивна преокупација со физичкиот изглед и со недостатоците кои ги гледаме во огледалото, нешто што е познато како телесно дисморфно нарушување, од кое пати 2.4 проценти од популацијата и бројката расте од ден на ден.

И затоа те молам немој да користиш филтри.

Ова сум јас. Со сите предности, мани и сè она што е зад мене, но кога ќе се погледнам во огледало или во овој телефон јас се гледам себе, а сега сакам да те видам тебе.“

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.