Оваа недела најдолгото затемнување на месечината во овој век

Објавено на 16 ноември, 2021 во 10:18

Оваа недела светот ќе може да биде сведок и да ужива во најдолгото делумно затемнување на Месечината во овој век. Тој величествен момент ќе се случи ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти ноември, тоа ќе може да се гледа од повеќето делови на светот, вклучително и во Европа.

НАСА точно предвидува дека целосното затемнување ќе трае 3 часа, 28 минути и 23 секунди.

Делумното затемнување на Месечината, која ја покрива сенката на Земјата 97 отсто кога е полна Месечина, ќе биде убедливо најдолго во овој век. Претходното целосно затемнување се случи во 2018 година и траеше 1 час и 43 минути.

Според опсерваторијата на Универзитетот Батлер во Индијана, ова ќе биде најдолгото делумно затемнување на Месечината во последните 580 години.

Затемнувањето на Месечината се случува кога Земјата ќе помине помеѓу Месечината и Сонцето, така што сенката на нашата планета ја покрива Месечината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.