Прво интервју на огорчената Амбер Херд по судењето: Не ја обвинувам поротата, Џони е одличен актер (видео)

Амбер Херд ќе го даде своето прво интервју по драматичното судење на поранешниот сопруг Џони Деп.
Откако неодамна заврши „судењето на деценијата“, Амбер Херд го даде своето прво интервју и проговори за судењето. Амбер на новинарката на „Ен-би-си њуз“, Савана Гатри ѝ рече дека не ја обвинува поротата за пресудата.
„Не ги обвинувам. Јас всушност ги разбирам. Тој е омилен и луѓето мислат дека го познаваат. Тој е фантастичен актер“, рече таа.
.@savannahguthrie sat down for an exclusive conversation with #AmberHeard. "You cannot tell me that you think that this has been fair,” Heard shared, in reference to social media representation. pic.twitter.com/56Ju7pYg1x
— TODAY (@TODAYshow) June 13, 2022
Таа јасно ѝ порача на јавноста што мисли за сè што се пишува и зборува за неа со недели.
„Не ми е грижа што мисли некој за мене или какви пресуди се донесени за она што се случи во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворените врати. Мислам дека просечниот човек не треба да ги знае овие работи и затоа не го сфаќам тоа лично. Но, дури и некој кој е сигурен дека ја заслужувам сета оваа омраза и гнев, дури и ако мислите дека лажам, сепак не можете да ме погледнете во очи и да ми кажете дека мислите дека на социјалните мрежи сè беше поштено прикажано. Не можете да ми кажете дека мислите дека тоа беше фер“, рекла Амбер во ексклузивното интервју кое денеска ќе се емитува на американската телевизија.
На социјалните мрежи, особено на ТикТок, луѓето најмногу го поддржуваа Деп во текот на судењето за клевета.
До 3 јуни, хаштагот #justiceforjohnnydepp (правда за Џони Деп) имаше речиси 20 милијарди прегледи на ТикТок, додека #justiceforamberheard (правда за Амбер Херд) имаше над 80 милиони.
Хаштаговите како #amberheardisguilty (виновна е Амбер Херд) во тоа време имаа 900 милиони прегледи на социјалните мрежи. Поротата доби упати да се држат настрана од социјалните мрежи, а правниот тим на Херд инсистираше дека тие и понатаму влијаат на случајот.
Меѓутоа, Амбер беше фатена во недоследности и лаги во нејзиното сведочење и во презентирањето на доказите во текот на судењето, откако таа го наклевети Џони Деп дека физички и сексуално ја злоставувал.
Амбер Херд беше обвинета за клевета откако ја тужеше поранешниот сопруг Џони Деп. Веднаш по пресудата, поранешната двојка го стави на продажба луксузниот пентхаус во Лас Вегас во кој живееја заедно.
По пресудата Деп одлучи да продолжи со животот, а се шпекулира дека на Амбер би можел дури и да ѝ ја прости милионската отштета којашто, според пресудата, треба да му биде исплатена.
„На Деп никогаш не му беше до парите. Се работеше за враќање на неговата репутација и тој тоа го направи“, изјави неговиот адвокат Бенџамин Чу.
