Радост во семејството Белов: Пејачот Александар и неговата сакана Јелена станаа родители на Мина!

Објавено на 14 јануари, 2022 во 10:46

Македонскиот пејач Александар Белов стана татко за првпат. Тој и неговата сопруга Јелена среќните вести ги објавија на социјалните мрежи.

Со емотивна објава на својот фејсбук профил, тато Александар напиша:

„Ти благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители… Јелена Белов, ти благодарам што ја донесе на свет нашата нова заедничка љубов. Се роди Мина Белов“

Објавата доби многу лајкови и честитки, а тато и мама сега ќе имаат слатка родителска задача со Мина.

Александар и Јелена по повеќегодишна врска, стапија во брак во септември 2019-тата година, и во моментов живеат во Србија, каде Белов ја гради својата музичка кариера со неговиот бенд „Белов бенд“.

Белов кој беше познат низ балканската публика со учеството во талент-шоуто „Операција Триумф“ долго време беше во врска со Јелена Станковиќ (сега Белов), а ја побара за жена во манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Мина е нивото прво дете.

Нека ви е жива и здрава!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.