Саем на венчавки од 10 до 12 март во Скопје
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/02/главен-ковер-експо-23-1024x576.jpeg)
Во Хотел Александар Палас од 10 до 12 март ќе биде организирам Саемот на венчавки кои ќе понуди побата програма во сите три дена. Истиот е во организација на магазинот www.vobelo.mk. Отворањето на саемот е предвидено за 10 март со почеток во 17:00часот, за посетители, а во 20:00 часот ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава.
-Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2. Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете, пишува во соопштението.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/02/317069314_10225505797764401_8124786816777840197_n-1024x1024.jpg)
Саемот може да се посети во петок, на 10ти март од 17:00 до 22:00 часот. Во сабота и недела пак од 10:00 до 21:00 часот.
Влезници се купуваат на билетарата во Хотел Александар Палас и он лајн на платформата купикартизасе.
Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)