Се омажи најмладата ќерка на Трамп: Смени две гламурозни венчаници 

Објавено на 14 ноември, 2022 во 10:55

Тифани Трамп, најмладата ќерка на Доналд Трамп од бракот со Марла Мејплс, викендов се омажи за милијардерот Мајкл Булос.

Венчавката се одржа на луксузниот имот Мар-а-Ларго на Флорида, а невестата за таа пригода промени две венчаници дизајнирани од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб.

Тифани прво се појави во фустан со светки кој се ширеше од половината надолу, а стајлингот го заокружи со едноставен букет бели цветови.

Подоцна во ресторанот влегла во едноставен бел фустан со длабоко деколте и голем шлиц.

Семејството Трамп не ја тргна насмевката на лицата, а покрај невестата пофалби за својот изглед доби и нејзината сестра Иванка, која дојде во елегантен долг син фустан.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.