Северина се шета низ Сараево и носталгично го цитира Балашевиќ (ФОТО)

Објавено на 14 јануари, 2022 во 10:29

Балканската поп ѕвезда Северина Вучковиќ се прошета по Сараевските улици пред крајот на 2021. Таа на својот инстаграм-профил несебично го сподели своето расположение и прошетката во главниот град на Босна и Херцеговина.

Последните фотографии што ги објави, се од Скендерлија и прошетка низ градот. Очигледно е дека Сараево е нејзина љубов, а и нејзината насмевка и позирањето покажуваат дека таа навистина ужива.

Фотографијата на која шета по пешачки премин, таа ја спореди со насловната фотографија на култниот албум на „Битлси“.

На објавата напиша:

„Исти Битлси. Сараевскиот Аби Роуд, Скендерија

Следбениците и возвратија со позитивни коментари за нејзиниот изглед и стил, но и со нејзината врска со Сараево. Таа на следните фотографии го цитираше Ѓорѓе Балашевиќ на својата објава.

„Знаеш, Сараево е во среде род, како дете – заиграно, простодушно, наивно, лековерно, детинесто… Затоа и тоа прво пружа рака“

На таа објава коментираше и нашата поп-дива, Калиопи, која напиша:

„Да, баш е такво нашето Сараево“ пропратено со емотикони со срциња.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License