Совети за патување кои ќе ви заштедат време и енергија
Можете да ја испеглате облеката со пареа, а во куферот ќе ви собере многу повеќе облека како ја завиткате во ролна наместо да ја диплите.
Иако сите уживаме да патуваме, факт е дека целото искуство може да биде и многу стресно. Како ќе спакувате сè, па дали сте спакувале сè, каква соба ќе ве пречека…
Што значи, советите за патување се секогаш добредојдени.
Во продолжение 7 совети за патување што ќе ви заштедат време и енергија:
Спакувајте ги чевлите со капа за туширање
Ако немате време да ги чистите ѓоновите на чевлите, доволно е да ги ставите во капа за туширање како на фотографијата подолу.
Вака без проблем ќе можете да ги спакувате без да ги извалкате другите работи во куферот.
Спакувајте ја облеката во ролни, наместо да ја диплите
Овој трик можеби нема да функционира за подебели парчиња како џемпери, но е одличен за лето.
Маичките, пижамите и сите парчиња можете да ги завиткате во ролна наместо да ги диплите. На овој начин облеката ќе зафаќа помалку место.
Темелно измијте ги чашите и садовите во собата пред да ги користите
Ако сте во хотел, бидете сигурни дека чашите најверојатно не се дезинфицирани.
Дури и ако сте во стан или куќа, темелно мијте ги сите садови пред употреба бидејќи не можете да бидете сигурни дали се добро измиени.
Во хотелот прво проверете ги излезите за итни случаи
Никој не сака да мисли на потенцијалните опасности за време на одмор, но секогаш е подобро да бидете подготвени.
Затоа, кога ќе стигнете во хотелот, одвојте некоја минута за да ги проверите излезите за итни случаи.
Секогаш носете фластер
Малите незгоди, како потсечен прст или изгребано колено, се честа појава, особено ако имате мали деца. А, во овие ситуации фластерот може да биде вистински спасител.
Покрај тоа, ако имате мали деца, можете да ги покриете штекерите во собата со фластер за да бидете сигурни дека нема да ги допираат.
Испеглајте ја облеката со пареа
Сигурно нема да „влечете“ пегла за облека кога одите на одмор, но во куферот многу парчиња можат лесно да се истуткаат.
Можете да го решите овој проблем без пегла – закачете ја облеката во тоалетот и пуштете многу жешка вода за да се направи пареа во целата просторија и оставете ја внатре некој период.
Имајте на ум дека со овој трик нема да ја испеглате облеката како со пегла, но сепак ќе забележите разлика.
Шолја за кафе наместо звучник
Можете малку да го засилите звукот на вашиот телефон ако го ставите во шолја.
Во овој случај важно е звучниците на телефонот да бидат внатре во шолјата.
Дума.мк