Три различни настапи пред Евровизија: Кое издание на Констракта ви се допаѓа најмногу?

Објавено на 12 април, 2022 во 11:33

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната на Констракта, ги освои симпатиите на евровизиските фанови ширум Европа со нејзината оригинална појава, па токму затоа голем број од нив се прашуваат како ќе изгледа нејзиниот сценски настап во Торино.

Констракта неодамна ја изведе својата песна „In Corpore Sano“ на „Israel Calling“, настан кој е важен дел од промоцијата на претставниците пред самото натпреварување. Во Израел, нејзиниот настап беше сосема поинаков од оној на националниот избор во Србија – пејачката се појави во црвен фустан и без придружба од придружните вокали.

https://www.youtube.com/watch?v=n2pbNxvoKS0&feature=emb_title

Како дел од нејзината промо-турнеја, српската преставничка неодамна се претстави и пред хрватската публика. Имено, таа настапи на Хрватската радио-телевизија, заедно со нејзините придружни вокали. За разлика од настапот на националниот избор во Србија, овојпат сите на сцената ги миеја рацете во црвени леѓени.

Иако се работи за мали детали, сепак Констракта е оригинална секогаш кога ја изведува нејзината евровизиска песна. Па, кој настап ви се допаѓа најмногу?

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.