(Видео)Горан Мишев Мишка ја издаде дуетска песна „Ој девојко поред мора“ со пејачката Драгана Мајкич, што е интересно и поврзано за песната
Се оствари долго посакуваната цел на велешкиот рок и поп пејач Горан Мишев Мишка. Издадена е неговата дуетска песна со пејачката Драгана Мајкич. И Мишка и Мајкич се натпреварувачи во музичкото шоу на Гранд „Никад није касно“. Ова е прв дует на двајца учесници во деветте сезони на оваа музичко шоу.
Автор на текстот и музиката на песната е Јелена Арангеловска додека на аранжманот и продукцијата Валентино Скендеровски.
Велешкиот рок и поп пејач одлучи дел од видео материјалот за спотот да биде снимен во Нови Сад и дел во Велес.
Тоа што е особено интересно за авторката на текстот Јелена Арангеловска е што таа е сестра на Јордан Велинов автор на музиката и текстот на незаборавната песна „Живеам за овој ден“ која ја изведе велешанката Марина Чурувија Димова. Со оваа песна Марина Чурувија во 1973 година беше македонски претставник на „Младинскиот музички фестивал“ во Суботица кога беше и победник во тогашната држава СФР Југославија.
Убавка Јаневска