Студентски филмови !

Објавено на 28 јануари, 2013 во 13:02

Ако сеуште сте ученици во средно и размислувате каде ќе се запишете наредната година, овие филмови ќе ви бидат од корист…

 

Road trip

Зошто?

– Стара, но добра младелачка комедија која ќе ве насмее најмалку 200 пати. Подразбира секс, црн хумор, патувања, кражби и сите возможни проблеми во кои студентите можат да се најдат.

Social network

Зошто?

– Дознајте како настанал Facebook и зошто е важно да бидете на некој елитен факултет.  Како што се вели во една сцена: “Студентите на Харвард не бараат работа, тие ја прават”.

 

Legally blond

Зошто?

– Омилен женски филм за она што се може да направи една млада девојка која е решена да успее во животот.  Момците оваа комедија може да ја гледаат поради згодната плавуша.

Beautiful mind

Зошто?

– Прекрасен и сериозен филм за еден од најголемите математичари во светот. И покрај шизофренијата John Nash  излезе со неколку револуционерни откритија, Russell Crowe и Jennifer Connelly ги играат улогите на својот живот.

Good Will Hunting

Зошто?

– Кога некој е гениј не му е потребен факултет, но важно е да сфати што се може и што сака да направи со својот живот. Погледнете го овој филм, може и вие ќе размислите за сето тоа …

Beer pong

Зошто?

– Уште една комедија која ќе ве насмее и поради која ќе посакате да живеете во студентски дом.

Gossip girl

Зошто?

– Озборувањата на факултет можат многу лесно да станат опасни по живот. Погледнете го и дознајте што треба да направите во општеството, а што не.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.