Студентски филмови !
Ако сеуште сте ученици во средно и размислувате каде ќе се запишете наредната година, овие филмови ќе ви бидат од корист…
Road trip
Зошто?
– Стара, но добра младелачка комедија која ќе ве насмее најмалку 200 пати. Подразбира секс, црн хумор, патувања, кражби и сите возможни проблеми во кои студентите можат да се најдат.
Social network
Зошто?
– Дознајте како настанал Facebook и зошто е важно да бидете на некој елитен факултет. Како што се вели во една сцена: “Студентите на Харвард не бараат работа, тие ја прават”.
Legally blond
Зошто?
– Омилен женски филм за она што се може да направи една млада девојка која е решена да успее во животот. Момците оваа комедија може да ја гледаат поради згодната плавуша.
Beautiful mind
Зошто?
– Прекрасен и сериозен филм за еден од најголемите математичари во светот. И покрај шизофренијата John Nash излезе со неколку револуционерни откритија, Russell Crowe и Jennifer Connelly ги играат улогите на својот живот.
Good Will Hunting
Зошто?
– Кога некој е гениј не му е потребен факултет, но важно е да сфати што се може и што сака да направи со својот живот. Погледнете го овој филм, може и вие ќе размислите за сето тоа …
Beer pong
Зошто?
– Уште една комедија која ќе ве насмее и поради која ќе посакате да живеете во студентски дом.
Gossip girl
Зошто?
– Озборувањата на факултет можат многу лесно да станат опасни по живот. Погледнете го и дознајте што треба да направите во општеството, а што не.