Игри за моминската вечер

Објавено на 6 јуни, 2013 во 09:31

Пред мажачка секоја девојка би требало да има моминска вечер. За да биде што поинтересна и на сите да им остане во убаво сеќавање пронајдовме за вас неколку игри кои можете да ги организирате за таа посебна ноќ. Моминската вечер по правило ја организира кумата па и таа би требало да се потруди околу организирање на игрите.

Прво што треба да направите е по пат на имејл да му поставете на младоженецот неколку прашања поврзани за неговата девојка односно идна жена. Прашањата треба  да бидат такви тој да претпостави што неговата сакана би одговорила а тогаш на неа да и ги поставите истите прашања за да видите колку ќе им се поклопат одговорите.

Организирајте да секоја девојка која ќе дојде на забавата да купи шише пијалак и некој дел од долна облека за идната невеста. Тогаш играјте игри на погодување,така што идната невеста треба да погодува кој што купил. За секој погрешен одговор невестата мора да испие голтка пијалак.

Играјте вистина или предизвик како што тоа некогаш го работевте додека бевте млади. Наградата нека биде врвца со која невестата ќе може да го плати пијалакот односно може да ја даде врвцата на оној за кој сака да и го плати пијалакот.

Играта„никогаш не сум“ се игра така да една од гостинките кажува нешто што никогаш не го направила а   секоја која тоа го сторила треба да испие голтка пијалак. И така се додека не ви досади.

Во секси шоп купете неколку секси играчки а потоа скријте ги секаде низ просторијата во која се одржува моминската вечер. Задача на невестата е да кон крајот на вечерта ги пронајде сите тие предмети.

Купете споменар и нека во него секоја девојка напише нешто на идната невеста а тогаш на крајот на вечерта дајте и го споменарот за спомен на таа прекрасна ноќ. Ставете ги и своите фотографии за споменарот да биде што поинтересен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.