Италијански вулкан мета за секс туристите!

Објавено на 6 јуни, 2013 во 10:49

Откако,наводно е откриено дека вулканските испарувања делуваат како Вијагра се поголем е бројот на секс туристи кои јуришаат кон вулканот Солфатар во близина на Неапол.

Верувале или не,во близина на вулканот се појавија редица „секс паркиралишта“ на кои посетителите можат да бидат интимни со помош на спектакуларен поглед на околината. Локацијата на паркиралиштата ветува дека ќе се јави возбуда кај посетителите со помош на „природната Вијагра“.

 

Имено,вулканот го емитува гасот хидроген сулфид познат и како „ѓаволски смрдеж“ а кој им помага на мажите со ерективна дисфункција. Гасот во големи количини може да биде отровен но научниците тврдат дека во мали дози предизвикува хемиски реакции во организмот,кои играат важна улога во ерекцијата. Хемикалиите го подобруваат протокот на крвта и ги стимулираат нервите во мускулите кои ја контролираат ерекцијата. Експертите тврдат дека овој гас би можел да биде еднакво ефикасен во третирање на ерективната дисфункција како и Вијаграта доколку од него адекватно би се развил нов производ. За жал концентрацијата на гасот која е хемиски сигурна за употреба се  уште не е позната.

Инаку,необичниот паркинг на гостите им дава контрацепција и летоци за сигурен секс.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.