Французите можеби се главни но Италијаните ги научиле се за виното!

Објавено на 9 јуни, 2013 во 09:54

Научниците по потрагата на виното од амфор во античкиот град Латари заклучиле дека Етрурците ги запознале Французите со вино. Тие дури подоцна тргнале во производство.

Французите се најголеми производители на вино и важат за најдобрите стручњаци за производство на винарство но истражувањето покажува дека се научиле од Италијанците.

Хемиската анализа открила траги на вино, во две амфори, а научниците заклучиле дека во нив пристигало вино кое пред 2400 години го пренесувале Етрурците. Амфорите ги пронашле кај античкиот град Латари.

Научниците од Пенсилванија откриле и траги на платформа која подоцна се користела како преса за вино од првото грозје кое го преселиле на француска земја.

Откритијата укажуваат на тоа дека винарството во Франција го поттикнало увозот на вино од подрачјето на Етрурија и тоа најрано во 525 година пред Христос. Галите како што пишува Дејли мејл тогаш ги привлекло виното и во наредните стотина години тие почнале да произведуваат свое вино. Научниците наведуваат дека француското винарство е добро документирано но дека немале јасни хемиски анализи заедно со ботаничките и археолошките податоци кои би покажале како Французите го запознале виното.

-„Сега знаеме дека Етрурците ги запознале Галите со виното така што го увезувале на југот на Франција. Тука се јавила и побарувачката која можела да се задоволи само со сопствена индустрија веројатно поттикната со садење на виновата лоза од Италија,вели Patrick McGovern.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.