Совети за чистење на доста валкани површини!

Објавено на 28 јуни, 2013 во 08:38

Постојат работи во домот кои премногу се валкани а не спаѓаат во оние кои редовно ги чистиме. Тоа во главно се кујнски елементи,стаклени површини и плочки во купатило. Најдовме за вас некои совети како да ги исчистите.

На кујнските елементи секогаш се собира многу маснотија. За најлесен начин да се ослободите од масните наслаги доволно е крпата за бришење да ја загреете во микробранова. Потоа кујнските елементи ишприцајте ги со универзално средство за чистење и поминете со крпата.

За стаклени површини користите крпи од микрофибер. На тој начин добро ќе ги исчистите стаклените површини а нема да ви се случи да ги оштетите. Оваа крпа можете да ја користете влажна или сува во зависност од тоа што чистите. Ако се во прашање екран ан телевизор и монитор на компјутер користете ја сува а за миење прозорци мокра.

Доколку имате домашно милениче да претпоставиме дека тоа има фотеља на која лежи. На неа со собираат влакна од кои најлесно ќе се ослободите со помош на леплива трака.

Плочките во купатилото можете да ги исчистите од наслаги така што ќе ги оставете да се исушат а потоа со пластична стругалка да ги изгребете наслагите за да не ги оштетите плочките.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.