Како да одберете зрела лубеница?

Објавено на 14 јули, 2013 во 08:35

Со летото неодминливо овошје се и лубениците. Таа е како подарок. Секогаш и се радувате но не сте секогаш сигурни дека ќе го добиете тоа што сте го барале кога ќе ја исечете. Експертите не филозофираат многу,очекувано,велат има три стандардни правила кои морате да ги следите ако сакате да купите зрела,слатка и сочна лубеница.

1. Прво секако добро разгледајте ја. Поголемите исеченици би можеле да ја допрат и внатрешноста а тоа не е добро особено за време на топлите денови затоа максимално избегнувајте ги. Зрелата лубеница треба да биде со темно зелена боја.

2. Потоа подигнете ја. Ако е зрела би требало да биде тешка за својата големина. 92 % од лубеницата ја сочинува водата. Незрелата лубеница е лесна за својата големина бидејќи не собрала доволно вода.

3. Разгледајте. Побарајте ја страната на лубеницата на која лежела на земја. Секоја лубеница го има тоа место и би требало да е некоја крем жолта боја помеѓу боја на банана и лимон. Ако е површината со бела боја тоа е знак дека не е доволно зрела,дека прерано е набрана односно дека не останала доволно долго на сонце.

Сега веројатно се прашувате што е со познатото чукање на лубеницата,тестот на звук или слични работи. Некои фармери строго се држат на ова правило додека некои тврдат дека тоа не е толку важно. Некои велат дека зрелата лубеница би требало да произведе длабок тон додека острите,кратки тонови ги произведува лубеницата која не е доволно зрела.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.