Она што го можете денес не го оставајте за утре!
Често ви се случува да имате многу работа а никако не можете да се насочите и да го сработите туку се оставате за утре. Пронајдовме за вас неколку совети како се да завршите на време.
Кога имате да сработите некоја задача поделете ја на мали чекори. Напишете на хартија се што треба да направите и закачете на ѕид за секогаш да имате потсетник.
Доколку сте уморни и исцрпени може да ви помогне малку свеж зрак. Кога ќе видите дека повеќе не можете да издржите прошетајте барем 5 минути. Тоа ќе ви помогне да ја вратите изгубената енергија да се разбудите и да го продолжете она што сте го започнале.
За да ви биде полесно да ја извршите задачата наградете се самите себе си. Поставете си себе цел да ако направите нешто до крај можете тој ден да уживате во работи кои инаку не ги правите.
