Старите работници се попродуктивни!
Постарите вработени се попродуктивни од младите. Имаат помалку грешки поради работното искуство, а на младите задачите им здосадуваат па поради тоа имаат и поголем број на грешки и им паѓа нивото на концентрација.
Постарите работници,без оглед што немаат толку енергија за работа како помладите вработени тие тоа го компензираат со искуството,присебноста во стресни ситуации и подготвеноста за тимска работа.
Истражувањето кое го спровело Универзитетот Manheim,следејќи ја продуктивноста на работниците во германската компанија Mercedes-Benz“ откриле дека трендот на подмладување на лицата не е добра за работа. Исто така откриле дека поголемиот број жени во младите тимови се лоши за продуктивноста,додека присуството на жени во постарите тимови било повеќе корисно за работа.
