Водич за шеткање низ светот
Дестинации кои треба барем еднаш да се посетат:
Токио, Јапонија
Јапонија, мај, расцутени цреши, нема гужва, прошетка низ градини, поглед на природа што ретко се гледа, ова е асоцијацијата за предлогот за патување.
Сеул, Јужна Кореја
Уживање во спорт на отворено, и тоа со стил. Јужна Кореја последниве неколку години огромни зелени површини негува само заради голфери. Откако во 2009-та корејски голфер го порази Тајгер Вудс, нацијата “откачи“ за спортот, па Сеул стана вистинска голф дестинација. Не дека и дека сега е безбедно да се шета али сепак ви го препорачуваме.
Танзанија или Кенија
Одличен период за љубителите на сафари, кампување под отворено небо, далеку од цивилизацијата. Им се препорачува на луѓето кои сакаат да бидат сведоци на Great Migration.
Квебек, Канада
Зошто? Зашто додека остатокот од северната хемисфера во овој период се „пржи“, во овој град стар 400 години, температурата е супер. Плус, на човек не може да му недостасува забава или уметност. Тука се циркусот Cirque du Soleil и киното со најголемо филмско платно во светот.
Кејптаун, Јужноафриканска Република
Со патување во Кејптаун, човек ќе искористи шанса да ужива во пролет два пати во годината. Не смее да се пропушти: китовите.
Минхен, Германија
Најголемата журка за пивопиите – Октоберфест, кој годинава ќе се одржува од 21-ви септември до 6-ти октомври.
Сиднеј, Австралија
Со повеќе од 50 плажи и 300 дена сонце, не постои лош период да се посети овој град. Пред да скокнат цените за авионски превоз, може да се организира лет и сместување за поповолни цени. И, два пати во годината човек може да ужива во лето.
Лондон, Британија
Затоа што човек заслужува годината да ја заврши како во приказна – во град каде во овој период од годината се слушаат празнични песни по улиците, насекаде има раскошни декорации, се пие топол чај и се лизга на мраз.
