Тропскиот остров Саона

Објавено на 18 септември, 2014 во 07:30

Саона е тропски остров, кој се наоѓа во близина на копното на Доминиканската република. Со површина од 110 квадратни километри тој е најголемиот крајбрежен остров на карипската држава и е дел од Источниот национален парк.

Секакви стопански дејности се забранети тука и резерватот успеал да ја зачува својата природна убавина, која често беше користена како декор на различни филмски продукции и рекламни кампањи.

Островот е долг скоро 12 километри и е широк 5 км. Населението со повеќе од 500 лица, поделени во три рибарски населби.

Опкружен е со убави корални гребени, бело песочни ленти , натопени во кристално чиста вода и крајбрежни лагуни богато украсени со кокосови палми.

Водите околу островот се живеалиште на многу загрозени видови како морска крава, различни видови желки, делфини и американски ламантин. Саона може да се пофали и со одлична флора.

Близу 540 различни видови на растенија го пронашле живот тука, од кои некои ендемични.

На островот има и многу пештери , најпознатата е Котубанама, крстена на војсководецот со истото име , кој во почетокот на XVI век, бегајќи од Шпанците нашол засолниште во неа .

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.