Зошто лажеме?

Објавено на 31 октомври, 2014 во 07:39

Секогаш постои некоја вистина позади “само се шегував”, некое знаење позади “не знам”, некоја емоција позади “не ме интересира” и некоја болка позади “добро сум”. Зашто тогаш лажеме?

Дали и вас ви се познати големиот број на реченици кои ги користиме секојдневно, а знаеме дека се лаги? Ги користиме често, некогаш инстиктивно, некогаш намерно. Често блефираме дека имаме способност која ја немаме, глумиме потполна сигурност во нешто што не знаеме баш најдобро или го покажуваме патот на туристите иако не сме сигурни дека е вистинскиот.

Сите ги користиме овие ситни лаги за да ја завршиме конверзацијата или да го сочуваме образот. Добро ни е позната и таканаречената контекстуална лага, кога кажуваме само дел од вистината извадена од контекст и обично користиме сарказам: “Да, да, ја изедов целата чоколада”, Или “Изеде на коктелот 20 кебапи”, иако всушност биле 5-6.

Кој тоа таму лаже?

Лагате е селективна креација на реалноста. Сите го прават тоа, разликата е само во фреквенцијата, изборот на жртви и степенот на лагата. Во шминкањето на вистината некои често претеруваат. Не лаже статистиката, медиумите, децата, политичарите ( особено политичарите! ) и тоа највеќе пред избори, маркетинг експертите, продавачите, колегите… Но, лажеме и ние. Луѓето како социјални суштества, имаат неверојатна способност да бидат неискрени и да манупулираат со туѓите очекувања.

Лажењето е механизам на преживување во социјланиот свет. Невистината влијаe на воспитувањето на децата, изборот на партнер, може да ја условат нашата кариера или дури и на изборот на половна кола. Лажеме во просек, неколку пати на ден, а некои лучности и многу почесто. Адолесцентите ги лажат своите родители во секоја втора конверзација, а паровите се веднаш зад нив. Овде вистината се заобиколува во секој трер разговор и тоа најчесто за минатите партнери.

Додека некои лаги ги зголемуваат нејаснотиите помеѓу луѓето, некои лаги претставуваат социјален лубрикант, ги олeснуваат односите и прават соговорникот да се осеќа посреќен. Во прашање се пофалби кои ни ја разубавуваат реалноста. Овие мали, слатки, бели лаги се многу чести, но колку што личноста ни е поблиска толку се поретки.

Иако мажите и жените лажат подеднакво, жените го прават тоа за да заштитат нечии чуства, а мажите го прават тоа за да остават подобар впечаток. Во типична конверзација помеѓу два мажа, лагите за себе се дури осум пати почести. Младите, екстровентни и друштвени луѓе, лажат повеќе, а поретко го прават високо одговорни луѓе и оние кои се склони кон депресија. Лагите всушност имаат заштитна функција и претставуваат добра основа на добро ментално здравје, се сложуваат психолозите.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.