Се роди јагне на чии стомак има натпис „јагне“

Објавено: 16 април, 2018, во 17:16 часот

Тринаесетгодишниот Џејмс Стивенџ од Велика Британија забележал нешто необично на штотуку родено јагне.

Имено, јагнето родено црно, прошарано со бели влакна на стомакот, кои изгледаат како да пишува „lamb“ (на англиски: јагне).

„Штом се роди го видов натписот на неговиот стомак. Навистина пишува ’lamb’“, вели момчето за британските медиуми.

Родителите на момчето држат фарма и се занимаваат со стока, а вакво нешто не виделе.

„Јагненцето е здраво и весело, постојано скока“, велат тие.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.