Неверојатно: Мајка роди бебе кое е само две години помладо од неа
Објавено на 3 декември, 2020 во 14:11
03.12.2020
Девојче по име Моли Гибсон постави рекорд за најстар замрзнат ембрион што резултираше со раѓање. Претходниот рекорд го држела нејзината сестра Ема.
Ембрионот од кој се роди Моли бил замрзнат во 1992 година. На крајот на октомври оваа година, Тина Гибсон (29) ја роди Моли, речиси 27 години откако ембрионот бил замрзнат.
Нејзината сестра Ема е родена во 2017 година, од ембрион исто така замрзнат во 1992 година, заедно со тој на Моли.
„ Кога се роди Ема, бевме пресреќни. Исто е и со Моли, повторно поставивме светски рекорд”, изјави Тина Гибсон за Си-Ен-Ен.
Националниот центар за донирање ембриони дозволува да се усвојат ембриони кои не биле користени за „ин витро“ оплодување за да можат повторно да се користат.
Мите Јаначков