Нуркачите посакаа „Среќна нова 2021 година“ од длабочините на Охридското езеро

Објавено на 29 декември, 2020 во 09:20

2 57

29.12.2020

Нуркачкиот центар АМФОРА и Клубот за подводни дејности ОХРИД веќе 18 години традиционално на уникатен начин ја наговестуваат новата година и божиќните празници со китење елка под вода.

Во услови на пандемија, за да нема групирање на повеќе нуркачи на едно место, беа формирани помали групи од 3-4 членови кои нуркаа на 3 различни локации на Охридското Езеро, кај Заливот на коските, Трпејца и Св.Наум во изворите на Дрим.

Им ја честитаме Нова Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите. – истакнаа Јован Секулоски – претседател на НЦ АМФОРА и Горан Балевски – претседател на КПД ОХРИД.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.