Porsche и Tag Heuer создадоа нов рачен часовник со револуционерен дизајн (ВИДЕО)
08.02.2021
Tag Heuer Carrera Porsche Chronograph внесува апсолутна новина во светот на часовниците.
Првиот часовник создаден во новата соработка помеѓу реномираниот производител на автомобили и часовници е часовник што може да стане вистински хит.
Врежаниот натпис на Порше е видлив на работ, а непогрешливиот фонт се користи и за временските ознаки. Боите на Porsche, црвена, црна и сива – кои исто така потсетуваат на историските модели на Heuer – се вградени во часовникот, а преку проѕирната кристална позадина јасно се гледа осцилирачката маса редизајнирана како почит на прославениот волан на Porsche. Содржи натписи „Порше“ и „ТАГ Хеер“.
Верзијата со кожен ремен чини 5550 евра, додека изборот на метален ремен е по цена од 5700 евра.
Површината, која изгледа како да потсетува на асфалт, е создадена специјално за овој часовник и изразува страст кон патиштата, додека арапските бројки потсетуваат на броевите на таблата со инструменти на спортските автомобили Порше. Часовникот доаѓа на мека лента изработена од луксузна телешка кожа и иновативни споеви што потсетуваат на ентериерот на Порше или на каиш изработен од меѓусебно поврзани делови што рефлектираат модернизиран дизајн на трките.
Во центарот на часовникот е внатрешно развиен механизам Caliber Heuer 02 со импресивна 80-часовна резерва на енергија.
Мите Јаначков