За момент: 1 „Bitcoin″ со вредност колку 1 килограм злато
22.01.2021
За момент, надминувајќи ја границата од 58.000 долари, биткоинот сруши нов рекорд во своето постоење и имаше поголема вредност од златото.
Врвот што го достигна цената на биткоинот во неделата беше 58.113,20 долари (за 1 биткоин), а со златото се разминаа на 57.363,64 долари (за 1 килограм). По ваквиот пик, биткоин за неколку часа повторно „падна“ на околу 55.000 долари.
Во својот врв вкупната пазарна вредност на биткоин за прв пат ја надмина сумата од 1.000 милијарди долари. По овој курс, целиот биткоин на светот има вредност од 10% од целото ископано злато на светот.
Паралелно со рекордната цена се случи и еден пообемен трансфер, во кој од 4.501 биткоин со вкупна вредност од 250 милиони долари беа префрлени од сметка на Коинбејс во непознат паричник.
Вкупно во изминатите 24 часа, од Коинбејс беа извадени 17.700 биткоини со вредност над 1 милијарда долари.
Мите Јаначков
