ВИДЕО: Вулканот Етна повторно еруптираше

Објавено на 24 февруари, 2021 во 09:47

 

Etnavulkan

24.02.2021

Вулканот Етна повторно еруптираше. Вулканот со денови исфрла облаци од чад и пепел во воздухот, а новите ерупции почнаа порано оваа недела. Лавата што Етна вчера ја исфрлаше надминуваше висина од илјада и птестотини метри, пшува Гардијан.

Етна е најактивниот европски вулкан, а вчерашната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку десетлетија. Последната голема ерупција се случи 1992 година.

Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат голема материјална штета или човечки жртви, пишува Би-Би-Си, па локалните власти не очекуваат дека денешната ќе предизвика поголеми проблеми.

       

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.