Како од бајка: Замрзнаа водопадите во Нијагара (ВИДЕО)

Објавено на 24 февруари, 2021 во 12:08

nijagara

24.02.2021

Делови од водопадите на Нијагара, на границата САД-Канада, замрзнаа  откако изминатата недела температурите паднаа на -18 степени на реката Нијагара, а студениот бран сè уште е присутен во американската држава Њујорк и другите делови на Северна Америка, пишува „Индипендент“.

Британскиот весник наведува дека туристите кои вчера се нашле на водопадите Нијагара можеле да видат и фотографираат големи парчиња мраз како пловат во водата, додека облаци од пареа и виножито биле присутни во текот на целиот ден.

„Индипендент“ пишува дека иако на некои фотографии се чини дека водопадите се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај ваквите услови, а присуството на големи количини мраз во водопадот е забележано во текот на 2014 и 2015 година кога поларните циклони ја погодиле областа .

Заедно со многу други сојузни држави низ Соединетите држави во текот на последните две недели,се погодени од силен бран на студ, а во Нијагара се очекуваат повеќе снежни врнежи во текот на следните неколку дена, пренесува британскиот весник.

Како изгледа оваа вистинска бајка погледнете од видеото во прилог.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.