Неверојатно, но вистинито: Луј Витон чантичка во облик на авион чини повеќе отколку вистински авион (ВИДЕО)

Објавено на 14 април, 2021 во 07:15

lui viton canticka avion

14.04.2021

Чантичката  во форма на авион од Луј Витон неодамна стана вирална бидејќи наводно чини повеќе од користен авион со еден мотор.

Чантата од годинашната машка колекција, дизајнирана од уметничкиот директор на луксузната марка, Виргил Аблох, ги подели мислењата на социјалните мрежи, како и многу други негови креации досега.

Торбата во форма на авион беше претставена во јануари, но неодамна привлече внимание на многумина на Интернет – поради вртоглавата цена од 39 илјади долари. Иако фотографиите кружат на Интернет веќе неколку месеци, тие неодамна привлекоа повеќе внимание, кога една корисничка на Твитер сугерирала дека може да се купи вистински користен авион за истите пари.

„Всушност може да се купи авион за помалку“, додаде таа, а некои објавија и реклами за авиони кои го докажуваат тоа.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.